КАЗА ПРОМ
Пескарење и АКЗ
За нас
Нашата фирма своите почетоци ги бележи во 1998 година како фирма
која се бави со застапување на еминентни надворешни фирми на
македонскиот пазар како што се SEALTEK,LOCTITE и SIG.Интересот за
квалитетни продукти на домашниот пазар не наведе да размислуваме за нови патеки на развој .
Во 2005 година се одлучивме за влез во сферата на антикорозивната заштита опремени со најмодерна професионална опрема и обучен професионален кадар,што пак ни овозможи во 2006 година во своето портфолио го запишеме нашиот најголем капацитет ,,РЕК Битола,,. Од тогаш нашата фирма е застапена не само во овај наш капацитет туку и во бројни други фирми и објекти од приватниот и јавниот сектор.
Нашата визија е да не застанеме тука напротив да растеме и напредуваме со новите трендови во нашата бранша ,воведувајќи нови технологии ,знаења и опрема ,подигајќи го секој
ден се повеќе и повеќе нивото на стручност,квалитет и техничко
технолошка опременост.